Vrabotuvanje.com - Tехнолог за контрола, безбедност и квалитет на храна - Скопје - LL Gourmet
Share
Tweet
Share
Send to friend

Tехнолог за контрола, безбедност и квалитет на храна

Скопје

Application deadline:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради проширување на тимот  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Технолог за контрола, безбедност и квалитет на храна
1 позиција - Скопје

Профил на кандиатот:

  • Високо образование (факултет за прехрамбена технологија, факултет за безбедност и квалитет на храна)
  • Самоиницијативност и иновативност
  • Организираност, одговорност, лојалност
  • Совесност во извршување на работните задачи
  • Способност за поставување приоритети
  • Способност за истражување и развој на нови производи

Опис на работни задачи и одговорности:

  • Задолжен за одржување и развивање на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и барањата на Клиентите
  • Се грижи за спроведување и имплементација на ISO стандардите за квалитет и безбедност на храна и врши контрола и надзор над вработените во делот на исполнувањето на хигиенските стандари
  • Спроведува контрола на производствениот процес, предлага мерки и решенија за               подобрување на производството со цел да се зголеми безбедноста и квалитетот на храната
  • Ги контролира критичните точки на производството на компанијата од аспект на безбедност
  • Континуирано следи и имплементира законски и подзаконски одредби за квалитет и безбедност на храната
  • Се грижи и ја чува потребната документација, врши статистички анализи и предлага мерки за унапредување на работењето
  • Креира план за контроли на кујни и кантини и изработува извештаи со точен акционен план.

На кандидатот му нудиме:

  • Работа во пријатна работна средина
  • Работно време од 40 часа неделно
  • Месечни примања во нето износ од 60.000 ден.
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз
  • Колективно осигурување 24/7
  • Можност за професионален развој

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk со назнака “ Технолог за безбедност контрола и квалитет на храна”

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Security amounts to 22.035 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more