Технолог за контрола, безбедност и квалитет на храна
1 позиција - Скопје
Профил на кандиатот:
- Високо образование (факултет за прехрамбена технологија, факултет за безбедност и квалитет на храна)
- Самоиницијативност и иновативност
- Организираност, одговорност, лојалност
- Совесност во извршување на работните задачи
- Способност за поставување приоритети
- Способност за истражување и развој на нови производи
Опис на работни задачи и одговорности:
- Задолжен за одржување и развивање на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и барањата на Клиентите
- Се грижи за спроведување и имплементација на ISO стандардите за квалитет и безбедност на храна и врши контрола и надзор над вработените во делот на исполнувањето на хигиенските стандари
- Спроведува контрола на производствениот процес, предлага мерки и решенија за подобрување на производството со цел да се зголеми безбедноста и квалитетот на храната
- Ги контролира критичните точки на производството на компанијата од аспект на безбедност
- Континуирано следи и имплементира законски и подзаконски одредби за квалитет и безбедност на храната
- Се грижи и ја чува потребната документација, врши статистички анализи и предлага мерки за унапредување на работењето
- Креира план за контроли на кујни и кантини и изработува извештаи со точен акционен план.
На кандидатот му нудиме:
- Работа во пријатна работна средина
- Работно време од 40 часа неделно
- Месечни примања во нето износ од 60.000 ден.
- Организирана исхрана
- Платен превоз
- Колективно осигурување 24/7
- Можност за професионален развој
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk со назнака “ Технолог за безбедност контрола и квалитет на храна”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.