Vrabotuvanje.com - Менаџер за претпродажба - Скопје - ДУНА ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за претпродажба

Скопје

Application deadline:

  • ДУНА ДОО Скопје

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.

Дуна Доо има потреба од:

МЕНАЏЕР ЗА ПРЕТПРОДАЖБА

Како Менаџер за претпродажба во нашата компанија, вие ќе бидете одговорни за координација на стратегиите и активностите поврзани со подготовката на претпродажни понуди и продукти. Вашите задачи ќе вклучуваат прибирање и анализа на потребите на клиентите, разработка на персонализирани понуди во соработка со интерниот тим за развој на продукти, како и усовршување на процесите за ефикасна и успешна продажба. Вие ќе бидете важен дел од тимот за креирање на стратегии за зголемување на продажбата, преговори со клиенти и обезбедување на високо ниво на задоволство кај клиентите.

Одговорности:

  • Соработка со тимот за продажба за да се идентификуваат барањата и потребите на клиентот
  • Спроведување на технички презентации и демонстрации на потенцијални клиенти за да се прикажат решенијата на Дуна
  • Постојана соработка со тимот одговорен за развој на продукти за да се осигура дека предложените решенија ги исполнуваат бараните технички спецификации
  • Креирање на предлози, одговори на барањата за понуди кои целосно ги задоволуваат барањата на клиентите и ги исполнуваат деловните цели
  • Спроведување на истражувања за да се утврди истрајноста на понудените решенија
  • Асистенција во изработката на планови, менаџирање на времето за активностите и буџетите
  • Обезбедување техничка поддршка на тимот за продажба при процесот на продажба и при целиот процес на комуникација со клиентот
  • Соработка со тимот за имплементација, со цел осигурување дека понудените решенија  се ефективно имплементирани и ги задоволуваат потребите на клиентот
  • Постојано да е во тек со најновите трендови во техничката индистрија, најновите технологии и конкурентските решенија, се со цел решенијата кои ги нуди Дуна секогаш да се конкурентни.

Што ви нуди Дуна:

  • Конкурентна плата
  • Професионална и пријатна тимска атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење
  • Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата
  • Можност за напредување

За да бидете успешни како менаџер за претпродажба во компанија која обезбедува софтверски и технички решенија, мора да имате одлично техничко познавање,супер комуникациски вештини и способност ефективно да соработувате со повеќе тимови во исто време.
Мора да имате и целосно знаење за решенијата кои ги нуди Дуна, како и за начинот на кој истите функционираат.
Исто така, мора да имате способност стратешки да размислувате и да имате одлични вештини за решавање на проблеми, интерес за иновации и способност за адаптација на нови технологии и продукти.

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV или писмо за интерес преку полето Брза Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more