

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ја сакате логистиката!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Магационер
- Припрема и контрола на одвоената роба за достава (PSR и KAM купувачи) и испраќање до филијала.
- Манипулација со роба во кругот на магацинот, а во согласност со поставениот план, процедури и по налог на претпоставениот.
- Обезбедување на добри услови на складирање.
- Одржување на хигиена во магацин
- Основни услови: ССС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Општи компетенции: Искуство во магацинско работење
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 06:00 до 14:00 часот прва смена и од 14:00 до 22:00 часот втора смена
- Конкурентна основна плата 30 000 денари и бонус по модел на продуктивност
- Квартални награди за најдобрите работници
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Организиран превоз и надомест за превоз
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работен однос
- Обезбедена HTZ опрема
- Одлична работна атмосфера и работа со најсовремена технологија
- Различни мотивациски и тим билдинг активности.
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент

Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/