Vrabotuvanje.com - Лекар - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Лекар

Скопје

Application deadline:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

TAV MACEDONIA

ВРАБОТУВА!

 

За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:

ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ

ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.

 

 

ЛЕКАР

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • медицинско обезбедување на полетно-слетните операции:
  • спремност за адекватно реагирање во случај на “Emergency” ситуации со примена на следните принципи:
  • укажување на итна медицинска помош
  • основно одржување на живот
  • напредно одржување на живот
  • тријажа
  • формира транспортни екипи и одредува соодветен начин на транспорт
  • координација на сите активности до пристигање на медински и други служби од градот на помош
  • укажува стручна медицинска помош на:
  • заболени или повредени патници
  • останати лица на аеродромот (вработени, посетители и од останатите служби)
  • учествува во изработка на медицинскиот дел од AEP и неговата координација и имплементација
  • оценка: одобрува или ограничува патување на одредени категории патници со цел да се заштити нивното здравје.
  • учествува во превенција и контрола на карантински заболувања
  • организира транспорт од и до воздухопловот на акутно заболени патници,
  • ги следи достигнувањата од областа на медицината (особено воздухопловната) и нивна примена во секојдневната пракса
  • води редовна и уредна документација, како и состојба на лекови и санитетски материјал
  • дава мислење и учествува во интерна комисја за одредување на работна способност на вработените
  • Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
  • Вршат и други работи по наредба на претпоставените раководни лица, а кои произлегуваат од карактерот на професијата земајќи ги во предвид физичките можности и степенот на образованието. (Или пак според член 30 став 2 од законот за работни односи на РМ)

ОБРАЗОВАНИЕ​:

  • Универзитетско Образование (VII степен) Медицински факултет


ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЛИЦЕНЦИ​ & ВЕШТИНИ:

  • Сертификат за А2 степен на познавање на Англиски јазик
  • Основна и Работна лиценца од ЛКМ (Лекарска Комора на Македонија)
  • СБО и АЕД

РАБОТНО ИСКУСТВО:

  • Минимум 2 години
  • Предност – работно искуство во Итна Помош

ВЕШТИНИ:

  • Комуникациски вештини
  • Тимска работа
  • Познавање на компјутерски вештини

 

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

​Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more