Vrabotuvanje.com - Помлад корпоративен интерен ревизор - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад корпоративен интерен ревизор

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место. Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.

Помлад корпоративен интерен ревизор

Во моментов бараме Помлад корпоративен интерен ревизор кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во спроведување на локални и меѓународни интерни ревизии во рамките на Компанијата и ДТ групација, почитувајќи ги стандардите за Интерна Ревизија.

Работни задачи:

  • Подготвување на програми за ревизија врз основа на проценката, фокусирајќи се на најголемите ризици, правејќи истражувања и користејќи клучни методи за проценка со цел да се оценат ревидираните деловни области
  • Ажурирање на ризиците од годишниот план за ревизија на квартално или 6-месечно ниво
  • Работа со планирани и/или ad hoc ревизии коишто се засноваат на стандардите за интерна ревизија во рамки на Компанијата
  • Анализа на документи и информации; креирање на модели; идентификување на проблеми и давање на предлози за подобрување
  • Подготвување на извештаи за ревизија кои ги содржат наодите од ревизијата, препораките и мерките за подобрување на работењето
  • Потврда на заклучоци со факти, подготовка на нацрт извештај, подготовка на извештаи за ревизија кои ги содржат наодите од ревизијата, препораките и мерките за подобрување на работењето
  • Имплементација на мерките од ревизијата фокусирајќи се на крајните рокови; повремено запишување статуси од имплементацијата и евиденции
  • Грижа за следење на интерните - екстерните правила и почитување на истите
  • Учество во проекти за ревизија на ниво на ДТ Групацијата
  • Подготовка, подобрување и ажурирање на процеси и регулативи за интерна ревизија
  • Kоординација и подготовката на квартални извештаи за интерна ревизија

Потребни квалификации:

  • Диплома од Факултет од областа на Економија, Финансии, Ревизија или друга сродна област
  • Минимум 2 години релевантно работно искуство во областа на интерна или екстерна ревизија
  • Основно познавање на Меѓународните Стандарди за Интерна Ревизија

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Амбициозност и желба за постојано учење
  • Аналитички вештини
  • Одлични комуникациски вештини

Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Помлад корпоративен интерен ревизор.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 05.07.2024 до 14.07.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more