"Cafe Pascalin - Devolli Corporation" е реномирана компанија, лидер во производството и дистрибуцијата на квалитетни производи за кафе на пазарот (како веќе добро познатите брендови Prince i Pascalin).
Во моментов, "Devolli Corporation" располага со квалификуван тим од над 1400 работници, главно фокусирани на задоволување на потребите на клиентите.
Благодарение на модерната технологија, стратегија за управување и развој, "Devolli Corporation" е подготвена да ги задоволи потребите на клиентите за производи со висок квалитет во секое време и во секој случај.
Главен магационер
Главни работни задачи, oдговорности и oбврски:
- Прием, проверка на квалитет и квантитет на примените производи, нивно складирање и подредување во магацинот,
- Спремање и издавање на производи од магацин по претходно добиени налози со соодветно водење на документација,
- вршење пописи на производите во магацин,
- разнесување на нарачки согласно претходно договорен распоред,
- одржување на ред и хигиена во магацинот и работниот простор.
- Следење на ФИФО принцип
Потребни квалификации:
- образование: ССС,
- искуство: претходно искуство на слична работна позиција
- Искуство во управување со виљушкар
- возачка дозвола: Б категорија,
- Постојано место на живеење во Скопје
- странски јазици: основно познавање на англиски јазик,
- компјутерски вештини: активно користење на MS Office пакетот,
Потребни способности и вештини:
- Комуникативна, флексибилна i лојална личност.
- поседување на висока работна етика,
- развиени комуникациски вештини,
- високо развиена способност за организација на време, простор и одредување приоритети во извршување на обврските,
- високо ниво на совесност и одговорност за извршување на обврските и одговорностите,
- работење во тим.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете биографија преку полето Аплицирај.