ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК , објавува оглас за работната позиција:
Доктор специјалист по гинекологија
- Завршено високо образование – Медицински факултет;
- Специјализација по гинекологија;
- Положен стручен испит;
- Лиценца за работа во дејноста издадена од Лекарска комора на Македонија;
- Претходно работно искуство од минимум 5 години во областа.
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Работно користење на компјутер (MS Office);
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
- Возачка дозвола Б категорија.
Ние Ви нудиме:
- Одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера;
- Можности за обуки и за напредок во кариерата;
- Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси;
- Бенефиции за лојални вработени.
Известување за приватност на кандидати за вработување
Со доставата на мојата биографија се согласувам ПЗУ Биотек лабораторија да обработува податоци за цели на пополнување на отворената работна позиција за која конкурирам но и да ги користи податоците од мојата биографија, вклучувајќи ги и сертификатите, препораките и сите останати документи со цел во иднина да ги разгледа и за други отворени работни позиции од кои ќе има потреба компанијата.
Ве покануваме доколку имате интерес за оваа работна позиција да ја испратите Вашата апликација преку Брзата Апликација