City Build е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.
Нашиот тим брои 130 посветени работници, и зад нас оставивме над 55 комплетирани објекти во Македонија.
Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.
Фирмата СИТИ БИЛД ДООЕЛ има потреба од:
Мајстори во градежништво:
1.Ѕидари
2.Тесари
3.Армичари
4.Градежни работници - општи работници
- Способност за самостојно извршување на работите
- Почитување на зададени рокови за исполнување обврски
- Тимско работење
- Способност за работа под притисок и во дадени
Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација со напомена за која позиција аплицирате.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 070/236-407