Vrabotuvanje.com - Администратор - Скопје - Друштво за услуги и трговија САНТЕ ПЛУС ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор

Скопје

Application deadline:

  • Друштво за услуги и трговија САНТЕ ПЛУС ДООЕЛ Скопје
 
 

За нас

Санте Плус Хоспитал Груп е групација на здравствени установи, која е составена од 5 болници лоцирани во Турција, Македонија, Албанија и Косово. Сите болници во групацијата се специјализирани за 15 различни  медицински дејности. Исто така групацијата има 12 медицински центри лоцирани на Балканот, земјите од Среден Исток како и Евро-Азиските земји.

Со врвен тим на специјалисти, комплетна медицинска услуга на едно местo, технологија од светски признаени производители, комфор на највисоко ниво, хигиена според светски стандарди, Санте Плус Груп обезбедува здравствени услуги , со концепт на услужливост и достапност 24/7.

ПЗУ САНТЕ ПЛУС поради проширување на својот тим на клиниките во Скопје  објавува оглас за вработување на

АДМИНИСТРАТОР
 

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со клиенти
  • Развиени компјутерски вештини MS office
  • Познавање на албански и македонски јазик

Одговорности и работни задачи

  • Водење на општи административни работи на пулт 
  • Прием на повици и закажување на прегледи на пациентите кај соодветниот доктор
  • Прием, пречекување и внесување на пациенти во системот
  • Водење и припремање на статистички податоци за тековното работење 
  • Комуникација со пациенти за нивните потреби и укажување на помош 
  • Наплата на услуги

Личен профил

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Аналитички способности, упорни и енергични
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност, учтивост и хуманост
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

Заинтересирани?

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), преку Брзата Апликација,  со задолжителна назнака „Оглас за администратор“. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more