Доколку сте кандидат што сака да работи во успешна компанија имаме одлична понуда за Вас. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија, дел од групацијата НОВОМАТИК Македонија, лидер во индустријата за игри на среќа и забавните игри. Долгогодишниот успех се темели на заедничкиот дух, односно успешниот тим предводен од менаџментот, кои што заеднички и посветено работат за достигнување на уште поголеми цели и успеси за сите. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје познат преку брендот АСТРА е застапен ширум државата во повеќе атрактивни локации и за таа цел потребни се вредни, амбициозни луѓе за работа. За нашата дирекција во Скопје потребен ни е
МАРКЕТИНГ И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје Ви нуди:
Стабилна работа во компанија, лидер во индустријата на игри на среќа;
Позитивна работна атмосфера и добри меѓучовечки односи;
Динамична и флексибилна работна средина;
Точно дефинирани одговорности и очекувања, со можност за професионално напредување, како и обуки и соработки со матичната компанија во Австрија;
Можност за остварување на бонуси и награди на месечната плата;
Законски надоместоци и други надоместоци;
Новогодишни прослави, забави за подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани;
Обезбедено службено возило;
Обуки и соработка со колеги од иста област во сите компании на Групацијата Новоматик Македонија;
Минимум потребни квалификации:
Формално образование: IV степен стручна подготовка;
Потребно искуство: Минимум една години работно искуство на иста или слична позиција;
Дополнителни знаења и вештини: познавање на работа со компјутери, пожелно е познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на барањата и навиките на играчите, комуникативност, преговарачки вештини, одговорност, лојалност, кооперативност, тимска работа
Возачка дозвола Б катерорија (активен возач);
Основни должности:
Позитивна и одговорна личност која што ќе изврши унапредување на промотивната содржина на компанијата во согласност со современите трендови, новитети и актуелности во областа;
Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на компанијата;
Подготовка на припреми за печатење;
Изработка и активно следење на маркетинг плановите и соработка со службите за нивна целосна реализација
Навремено и детално запознавање со сите актуелни понуди/промоции кои ги нуди компанијата на своите корисници;
Организација, присуство и контрола на промоции и настани од различен тип во автомат клубовите, спроведување на промотивни;
Активности за организација, следење и реализација на наградни игри и други промотивни кампањи и акции во клубовите и спроведување на промотивни активности за зголемување на деловната активност на Компанијата;
Комуникација со надворешни соработници, договарање и организација на заеднички настани, спонзорства;
Контакт: Доколку верувате дека вашиот профил одговара на побараните услови, Вашето CV за работа со основните податоци и телефонски контакт испратете го на следниот маил: rabota@astracasino.mk или masterbet@novomatic.com
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!