РАПИД БИЛД ДОО КУМАНОВО има потреба од следната работна позиција:
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР
Напомена: Огласот се однесува за реон Куманово.
Потребни квалификации:
Високо образование -Електротехнички факултет
Работно искуство на иста или слична позиција
Познавање на англиски јазик
Одлично познавање на работа со компјутер
Одговорности и задачи:
Дел од тимот за електро -оддржување на опремата;
Грижа за одржување на опремата во исправна состојба;
Дијагностицирање на дефекти на електронски и електрични делови и системи;
Го координира работењето од областа на електро -одржување во секојдневното работење на своите тимови;
Се грижи за заштита и унапредување на животната средина;
Извршува активности поврзани со планирање организирање и кординација на сите активности во одржувањето од својата зона;
Соработува со одговорните лица од производство со цел проектирање на оперативни активности за интервенција;
Учествува во имплементација на нови проекти;
Изработува неделни и месечни извештаи за обемот и квалитетот на извршените работни задачи;
Планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи и оптимизација на залихи на резервни делови;
Водење планови за производство изработка на листи за обука;
Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство;
Организирање и архивирање документација за тековната работа.
Изработува првична проценка на обемот на работа, распоредот и ресурсите потребни за успешно завршување на проект.
Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти.
Води и изготвува градежни дневници и градежни книги, месечни извештаи за проектите со кој управува.
Подготвува и ги кооринира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема.
Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот.
Ја представува компанијата на сите координативни проектни состаноци.
Изготвува изведбената проектна документација за проектите
Личен профил:
Способност за самостојна и тимска работа;
Високо развиени комуникациски и организациски вештини;
Одлични аналитички способности;
Професионален и позитивен однос;
Желба за работа и напредок во кариерата;
Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување
Ви нудиме разновидна и динамична работа, можност за екстерна и интерна едукација, шанса за понатамошно лично усовршување и адекватна заработка во согласност со Вашето искуство и залагање.
Доколку ги исполнувате бараните квалификации потребно е да пратите ваше CV преку Брзата Апликација или да се јавите на 075/289-790.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!