Vrabotuvanje.com - Помлад продавач - Битола - Битола - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад продавач - Битола

Битола

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 5 работници на определено време во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Дирекцијата за малопродажба во регион Битола и тоа:

 

Бензинска станица во Битола

  • 3 (тројца) работници на работно место помлад продавач на определено време од 3 месеци;

Бензинска станица во Ресен

  • 2 (двајца) работници на работно место помлад продавач на определено време од 3 месеци.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 26.500 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација - со јасно нагласено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

или

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги
исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на
рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2
од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени
преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат
земени предвид.
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more