Биотек ДОО Скопје објавува оглас за работната позиција:
ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА И АПЛИКАЦИЈА
Потребни квалификации:
- Високо образование – Природно математички факултет (област хемија и биохемија), Технолошки факултет
- Претходно работно искуство со аналитички инструменти од областа на гасна хроматографија, течна хроматографија и спектроскопија ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
- Ориентираност кон рокови
- Способност за динамична работа и работа на терен
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б-категорија, активен возач
Главни одговорности:
- Обука на клиенти во однос на користење на опрема и тестови
- Поддршка за клиентите во однос на користење на опремата и тестовите
- Посета на клиенти, грижа за задоволството на истите и одговарање на нивните барања, аквизиција на нови клиенти и спроведување на активности со цел ширење на мрежата на продажба
- Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и апликација на нови тестови/опрема
- Остварување на комуникација и кореспонденција со добавувачи
- Следење на исцрпност на тендерски договори и дејствување со цел достигнување на истото, следење на објавени тендери кои се од интерес на Биотек
Компанијата нуди:
- Можности за професионален и личен раст и развој,
- Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии,
- Енергична и професионална работна средина,
- Модерни канцеларии во центарот на градот,
- Подароци за родендени и празници,
- Конкурентни плати
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација преку полето Брза Апликација.