Ние во Алма-М веќе 32 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна
АНАЛИТИЧАР ЗА ПРОДАЖБА
Работни задачи:
- Подготвува извештаи за Клучни индикатори на успешност (KPI) за: дневна, неделна, месечна, квартална, годишна и повеќегодишна продажба,
- Развива методи и стратегии за проценка и обработка на бази на податоци,
- Внимателно проучува, анализира и проценува податоци, за да утврди трендови во продажба, планови, проекции и области за подобрување,
- Дава насоки на продажба во однос на трендови и изработува идни планови за продажба,
- Креира извештаи за евалуација на продажба (резултат VS план) по: агент, тим, бренд, град, канал, вид на објект, ...
- Присуствува и презентира извештаи за продажба на состаноци за продажна стратегија на менаџмент на Алма-М (и нејзини принципали),
- Предлага корекции и ревизии на планови и извештаи,
- Изготвува извештаи за подобрувања и предлага мислења за реструктуирање на компанијата,
- Работи со целокупен тим за продажба,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
- Генерира ад-хок извештаи за продажба, маркетинг акции, наплата, долгови и т.н.,
- Изработува и други извештаи по барање на менаџментот на Алма-М.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум високо образование,
- Напредни способности за проценка на групи на податоци и идентификување на модели/ шаблони,
- Поседување силни математички вештини и ориентираност кон детали,
- Експертско познавање и работа со Microsoft Excel, Power BI.
- Демонстрира висока способност да размислува и истражува независно, аналитички и креативно,
- Способност за мултитаскинг при анализа на податоци,
- Ефикасно управува со време,
- Се чувствува комотно во околина со брзо темпо на работа,
- Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Одлична комуникација и професионално однесување,
- Зборува самоуверено и аргументирано пред група,
- Поседува силни вештини за соодветно решавање на проблеми,
- Познава Англиски јазик,
- Пожелно познавање на ЦФМА софтвер,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Ве молиме без телефонски јавувања