Работник за изработка на Штанц алатки (матрици)
СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата Работник за изработка на Штанц алатки (матрици) за отсекување, за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. На работната позиција ќе бидете одговорни за дизајнирање, изработка, одржување и поправка на Штанц алатки (матрици) за отсекување кои се користат во различни производни идустрии (автомобилска, печатарска и др.).
Две работни позиции.
Основни одговорности и задачи:
За сите кандидати:
- Изработка и дизајн на Штанц алатки за сечење според зададени спецификации
- Одржување на висок квалитет и прецизност при изработката на Штанц алатки
- Техничка анализа и оптимизација на постоечките Штанц алатки
- Водење на детална евиденција за изработените и одржуваните Штанц алатки.
- Работа со различни алати и машини за обработка на метали и дрво
- Соработка со други оддели за подобрување на производствениот процес
- Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
- Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
- Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
- Други помошни работи во производната хала
- Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења
За кандидати со искуство:
- Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
- Практично искуство со користење на алати за машинска обработка и способност за читање и разбирање на технички цртежи и спецификации
- Изразени вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
- Познавање на CAD/CAM софтвери (ќе се смета за предност)
- Обука на помладите оператори и помош во развојот на нови процеси
За кандидати без искуство:
- Обука на работното место од страна на искусни Тахничари/Работници
- Основни познавања за алатки и машини за обработка на метали и дрво (ќе се смета за предност)
- Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати
Квалификации и компетенции:
За сите кандидати:
- Минимум ССС
- Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали.
- Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата на Работник за изработка на Штанц алатки
- Со или без работно искуство
Како предност ќе се смета:
- • Работно искуство во дејноста
- ВСС –инженер, ССС- техничар, или сродни технички струки
- Познавање на странски јазик
Лични карактеристики:
- Одговорност и посветеност на работа
- Стабилна и лојална личност
- Способност за тимска работа и самостојна работа
Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:
- Почетник (почетно ниво)
- Квалификуван работник (средно ниво)
- Техничар (високо ниво)
Што нудиме?
- Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
- Обука и менторство за кандидати без работно искуство
- Можност за годишен бонус за работна успешност
- Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
- Обезбеден топол оброк
- Работа во прва смена
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
- Можност за напредување од личен и од технички аспект
Отворените работни позиции се за во Прилеп.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.