Ние во Алма-М веќе 33-та година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција
унапредувач на продажба (АРАНЖЕР НА РОБА) во ОХРИД
Работни задачи:
- Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М,
- Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување,
- Следење и известување за активности на конкуренција,
- Изготвување извештаи и нивно навремено доставување,
- Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО метод.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организиран/а, мотивиран/а и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери,
- НЕ Е ПОТРЕБНА возачка дозвола,
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно.
Работни услови:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
- Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува до 30,750,00 во зависност од работната успешност.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.