Vrabotuvanje.com - Шеф на сметководство - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Шеф на сметководство

Скопје

Application deadline:

  • АЛМА - М ДООЕЛ

Ние во Алма-М веќе 33-та година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција

ШЕФ НА СМЕТКОВОДСТВО

 
датум на објава: 1 Август 2024
рок за пријавување до: 18 Август 2024
број на оглас: О-240804-АД-ШС
сектор: Продажба
регион: СКОПЈЕ
 

Работни задачи:

  • Изготвување на материјални и финансиски одобренија и документи,
  • Изготвување на девизни фактури за услуги и префактурирање за учество во флаери во име и за сметка на девизен купувач,
  • Месечно и квартално слагање со добавувачи,
  • Сложување на картици со коминтенти (долгувања и побарувања),
  • Обработка на пописни листи за стока и парични средства,
  • Оценување на вработени и извештај за истите до финансов менаџер и вршење на редовна контрола на благајна, КДФИ и ИСК,
  • Oтпис на побарувања на годишно ниво, префрлање на претплати и аванси,
  • Денарско и девизно плаќање,
  • Воведување на нови вработени и нивна обука (подредени во дирекција за сметководство) во работа врз база на дадени процедури, контрола врз истите, предлози за промена на веќе постоечки процедури,
  • Пополнувањe на месечни извештаи за статистика (месечно),
  • Проверка и изготвување на извештај за состојба на контата поврзани за изработка на пресметката за ДДВ,
  • Контрола за ДДВ и праќање на извештај за ДДВ,
  • КИППО извештај во НБРМ,
  • ВС обрасци за НБРМ,
  • Пресметки за персонален данок во Е-ПДД,
  • Проверка на уплатен дневен промет (дневно) и известување за истото до одговорни лица,
  • Следење на новини во областа на сметководството и нивна навремена имплементација,
  • Подршка во изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи,
  • Книжење на влезни фактури за трошоци,
  • Врши и други работи по налог на претпоставениот.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено високо образование - Економски факултет,
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител,
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, посебно на Мајкрософт Ексел),
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,
  • Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
  • Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
  • Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера,
  • Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови,
  • Способност за тимска и индивидуална работа,
  • Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
  • Поседување на висок интегритет и лојалност,
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност,
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
  • Позитивен однос кон промени.

Потребно искуство:

  • Минимум 5 години претходно работно искуство на иста позиција. 

Работни услови:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more