This ad is not active. Ad application not possible.
Нема да веруваш колку работодавачите во Македонија плаќаат за твојата работа!
Охрид и Струга
Application deadline:
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Ние сме доверлив партнер на бизнисите во дигиталното време, креираме иновативни, сигурни, едноставни производи и решенија за поефикасна дигитална трансформација, раст и развој.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.
Претставник за В2В продажба за деловни корисници (Охрид и Струга)
Во моментов бараме Претставник за B2B продажба за деловни корисници за регионите Охрид, Струга и Кичево кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во продажните активности за нашите деловни корисници преку негување, градење и воспоставување на континуирана соработка. Користејќи проактивен пристап ќе обезбедувате зголемување на задоволството на корисниците и ќе имате значителна улога во растот на компанијата.
Работни задачи:
Потребни квалификации:
Што очекуваме:
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
Работно време:
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Претставник за B2B продажба за деловни корисници (Охрид и Струга) .
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 08.08.2024 до 18.08.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!