Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Продажен инженер
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Водење и развој на комерцијални модели на клими;
- Самостојна реализација на планови по проекти, водење, унапредување, следење на трошоци и координација на работењето;
- Собирање на информации за проекти и нивна обработка;
- Презентирање на технички карактеристики на производи или услуги на потенцијални клиенти;
- Пружање на совети и поддршка на клиентите во врска со технички прашања и интеграција на производи/услуги и решавање на технички предизвици;
- Развивање и прилагодување на технички решенија;
- Следење на трендовите на пазарот.
Од кандидатот очекуваме:
- Минимум 3 години искуство во продажба;
- Завршено ВСС- диплиморан инженер;
- Oдлично познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола "Б" категорија, активен возач;
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
- Ажурност, организираност и совесност во работењето.
Краен рок за аплицирање: 06.09.2024 година.