Аffinity Balkans е официјален партнер на DKV Euro Service Gmbh – водечкиот провајдер на картички за гориво во Европа, кои се користат од страна на транспортни компании за плаќање на гориво, патарини и помош на пат низ Европа.
Како резултат на постојаниот раст на фирмата на локалниот пазар, Affinity Balkans е во потрага по Администратор за наплата (Credit controller), кој ќе се придружи на тимот лоциран во Скопје.
Позицијата има витална важност за целокупното работење, затоа, потребен ни е Администратор за наплата кој е динамичен, комуникативен, подготвен за предизвик и работа под притисок, како и навремено одговарање на работните задачи и барањата од клиентите.
Администратор за наплата (Credit controller)
Работната позиција подразбира:
- Динамична работна атмосфера
- Секојдневна комуникација со клиенти
- Координација со продажните тимови
- Евидентирање на уплати и подготвување извештаи
- Хибридно работење (Работа од канцеларија со опција за 1 ден од неделата работа од дома
Потребни квалификации, образование и искуство:
- Диплома за завршено факултетско образование
- Напреден англиски јазик
- Компјутерски вештини
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Способност за работење во тим, самоиницијативност, проактивност
- Претходно искуство со слични работни позиции се смета за предност
За да аплицирате, испратете го вашето CV на македонски и англиски јазик преку полето Брза Апликација.