The Watch Club има потреба од:
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
Клучни одговорности на продажен асистент:
- Комуникација со клиенти:
- Информирање и советување на клиентите за производите кои ги нуди продажниот салон согласно претходно добиен бриф за секој бренд одделно
- Процесирање на продажби:
- Обработка на трансакции преку фискална каса, вклучувајќи наплата и враќање на производи, и обезбедување правилно издавање на сметки со гаранција за секоја продажба.
- Управување со залихи:
- Координација при прием на нови производи, складирање и реорганизација на залихите.
- Редовна проверка на состојбата на залихите/производите.
- Поддршка на маркетинг активности:
- Координација при спроведувањето на промоциите и маркетинг активностите.
- Административни задачи:
- Редовно испраќање дневни извештаи за остварената продажба.
- Обезбедување на чистота и организираност:
- Одржување на хигиена во продажниот салон како и магацинскиот простор.
Квалификации:
- Образование: Средно образование
- Искуство: Предност имаат кандидати со претходно искуство во продажба или услужна индустрија, но не е задолжително.
Вештини:
- Одлични комуникациски способности.
- Основни познавања на компјутерски програми
- Организациски способности и внимание на детали.
- Проактивна и одговорна личност.
- Комуникативна и отворена за соработка.
- Способна за тимска работа и самостојна работа.
Понудени придобивки:
- Конкурентна плата
- Можности за обука и професионален развој