Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги.
Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали за производство на делови за пневматика и хидраулика по нацрт: цилиндри, навртки, завртки, вентили, мутери, разводници, уметоци, прототипи и многу други.
Основни индустрии за кои се наменети нашите производи се: Автомобилската, машинската (машинерија и опрема), индустрија за пакување, транспортната, земјоделската и др 95% од производството е наменето за зивоз до купувачите во ЕУ.
ЦНЦ ОПЕРАТОР (ГЛОДАЛКА)
Компетенции
- Познавање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
- Напредно ракување на опрема за CNC глодалки (резен алат, стезен алат, помагала)
- Напредно ракување за опрема за мерење (микрометри, подвижни мерила, компаратори и сл.)
Должности
- Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и стегачки направи, и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
- Следење на процесот при работа со машината. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на записи за мерките на деловите. Задавање на корекции на алатите
- Превентивно одржување и проверки на машините.
- Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
- Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат и мануелни машини
Квалификација ( степен и вид на образование)
- Средна стручна подготовка (во областа на машинството)
Персонални одлики
- Дисциплиниран и ефикасен во извршување на задачите
- Да соработува и биде колегијален
Што нудиме:
- Работа во една смена
- Колективен годишен одмор
- Индивидуални бонуси према перформанси
- Почетна плата: 35,000 ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
- Минимално искуство во работата е 2 години
Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација!