Потребни квалификации и вештини:
- ВШС или ВСС подготовка од економска или техничка насока;
- 3 години работно искуство;
- Да поседува возачка дозвола Б категорија.
Што очекуваме од вас:
- По налог на раководителите од другите сектори организира и извршува активности за потребите за набавки и шпедитерско работање (царинење при увоз на суровини, репроматеријали, готови производи, делови за одржување, амбалажа на привремен увоз и сл.);
- Набавка на репро материјали и суровини по месечни планови за производство од поврзаните друштва во корпорацијата или од странски и домашни добавувачи во консултација со претпоставените;
- Набавка на потрошен материјал по налог и барање од другите сектори;
- Обезбедување на комплетна документација од добавувачи, внес на сите материјали и суровини во системот;
- Организира превоз за достава на производи и материјали како на домашен, така и на странски пазари за потребите на друштвото;
- Одговара за правилно функционирање на магацинското работење и тоа преку грижа за правилно складирање на суровини и репроматеријали;
- Континуирано ја следи и евидентира состојбата со палети и повратните материјали (палети, буриња и сл.) и во целост е одговорен пред Генералниот директор.
Ви нудиме:
- Професионален предизвик во домашна компанија со водечка позиција на пазарот;
- Позитивна работна атмосфера;
- Работа во хармоничен и силен тим со силни семејни вредности.
Аплицирај!
Ве покануваме, доколку имате интерес пратете ваша апликација со Професионална биографија користејќи го полето „Брза Апликација“