Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.
Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.
За потребите на Санмарти Скопје, отворена е работна позиција за
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Избраниот кандидат ќе го опслужува регионот Скопје и Источна Македонија
Профил на идеалниот кандидат
- Завршено високо образование
- Работно искуство во продажба (пресуден критериум при избор на потенцијалниот кандидат)
- Способност за тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Предности при избор на кандидатот
- Искуство во продажба, прв и најважен критериум при изборот
- Комуникациски и преговарачки вештини
- Познавање на странски јазик
Работни услови (што ние нудиме)
- Атрактивна плата по договор
- Службено возило
- Службен телефон
- Службен компјутер
Сите тука неспоменати детали околу работното место, ќе се договараат на усно интервју со потесно избраните кандидати.
Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".