Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
Опис на работата:
- Развој на општ маркетинг план/стратегија;
- Создавање на маркетинг содржини за објава на социјални канали (Facebook, LinkedIn, Instagram итн);
- Одржување и развој на веб странатa;
- Развој на SEO стратегии за веб страната;
- Организирање на платени маркетинг кампањи (Google Ads, Social Media Ads, итн)
- Дизајн на реклами, брошури, newsletters и друг вид на маркетинг материјали;
- Фотографирање, снимање и смислување концепт за естетскиот изглед на истите;
- Дополнителни административни задачи, по потреба;
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство за оваа позиција ќе се смета за предност;
- Одлични вербални и комуникациски вештини;
- Познавање на Е–Маркетинг, програми за графички дизајн (photoshop, illustrator)
- Познавање на Wordpress;
- Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации;
- Оптимистичен и енергичен карактер;
- Флексибилност, креативност и адаптабилност во работниот ден;
Што нудиме:
- мотивирачка атмосфера и плата по договор;
- колективно осигурување од несреќа;
- можност за напредување во кариера;
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.