Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - БИЛИВИО ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Административен асистент

Скопје

Application deadline:

  • БИЛИВИО ДОО Скопје


БИЛИВИО е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот, објавува оглас за вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Локација: Населба Влае

Опис на работни задачи:

  • Вршење на пријави и одјави на вработените лица во релевантните институции (АВРСМ, ФЗО и сл.);
  • Изработка на целокупната документација поврзана со вработувањето (договори за вработување, анекси на договори, потврди, решенија, спогодби и други акти согласно ЗРО);
  • Одржување на извештаи за човечки ресурси,
  • Водење на деловна книга, архивирање на документи,
  • Водење на досиејата на вработените лица и клиентите (во електронска и хартиена форма);
  • Фактурирање и следење на исплати,
  • Испраќање на пошта,
  • Подготовка и ажурирање на податоците во електронска база на кандидати;
  • Комуникација со клиентите и вработени;
  • Набавка на канцелариски материјали,
  • Комуникација со релевантни институции (АВРСМ, ФЗО, ПИОМ и сл.)
  • Останата административна поддршка.

Бараме:

  • Завршено ВСС или ССС образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Одлично познавање на Англиски Јазик;
  • Познавање на француски јазик ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office-Word, Excel, Power Point); Google Drive, Outlook и сл,
  • Ефикасни комуникациски и меѓучовечки вештини,
  • Висок на лична организираност,
  • Професионален и позитивен однос.

Понуда:

  • Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00 или од 09:00 до 17:00 часот, на определен период во времетраење од 10 месеци,
  • Обезбедена обука,
  • Динамична работна средина,

Вашето кратко резиме (CV), испратете го преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more