АДВОКАТСКО ДРУШТВО ПОЛЕНАК
врши прием на
ПРАКТИКАНТИ
и
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ
за стручно оспособување за полагање правосуден испит
Бидете дел од тимот на Адвокатско друштво ПОЛЕНАК и добиjте единствена можност да учите и да ги развивате своите вештини во динамична и конкурентна работна атмосфера. Ќе обезбедиме вистинска поддршка да прераснете од талентиран почетник во успешен адвокат, а ова ќе биде само почеток на вашата перспективна правна кариера.
Нудиме:
- Пријатна работна атмосфера во модерна канцеларија во центарот на Скопје (Дебар маало);
- Професионална надградба во правните области од ваш интерес;
- Месечен надомест;
- Можност за вработување.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршен правен факултет (за практиканти);
- Завршени постдипломски студии за (адвокатски приправници);
- Одлично познавање на англискиот јазик; и
- Работа на компјутер (Microsoft Office).
Пратете мотивационо писмо, кратка биографија и уверение за положени испити преку Брзата Апликација.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на разговор.