Ви нудиме можност за вработување како
СОВЕТНИК ЗА ТЕХНИЧКА ПРОДАЖБА
За Кнауф:
Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со повеќе од 300 производствени капацитети и продажни мрежи во над 90 држави, како и 41,500 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија.
Вашите задачи:
- Познавање на карактеристиките и квалитетот на Кнауф системите
- Промоција на Кнауф системите на македонскиот пазар
- Техничка поддршка на инженерите при користење на Кнауф системите
- Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
- Организација на промотивни активности
- Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
- Техничка грижа за објектите во кои се вградуваат Кнауф системите
Она што ние би сакале да го имате:
- Диплома за завршен Архитектонски или Градежен факултет
- Претходно работно искуство на слична позиција
- MS Office
- CAD графички програми
- Англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Ние сме заинтересирани за вас како личност; вашиот став, однесувања и вредности. Сè додека имате желба и сте подготвени да научите се што ви е потребно за оваа работна позиција, ние би сакале да разговараме со вас.
Ние ви нудиме:
- Компетитивна плата
- Можност за годишна премија за постигнати резултати
- Службено возило
- Програми и обуки за развој на вашата кариера
- Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
- Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 12.09.2024 преку копчето за БРЗА АПЛИКАЦИЈА. Компанијата Кнауф го задржува правото да ги повика на интервју само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следната меил адреса: info-mk@knauf.com