Компанијата КОСМОС ГРУП ДООЕЛ, има потреба од ангажирање на
КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН
Асортиманот на производи, предметот на продажба, опфаќа голем избор козметички производи. Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во областа, како и одредено познавање на работа со компјутери поврзано со тековните активности.
Одговорности и обврски:
Посета на купувачи, презентирање и пласирање на асортиманот на производи на постоечки и потенцијални купувачи
Припрема на понуди за купувачи
Унапредување на продажбата (имплементирање на нови начини и идеи за зголемување на продажбата)
Флексибилност за работа на терен
Следење и грижа за наплата
Преговарање, изготвување и процесирање на нарачки на производи
Контрола и обезбедување производи
Управување, анализа и следење на таргет план на доделениот асортиман, изготвување стратегија за обезбедување и продажба на производи, материјална евиденција
Активно учество во процесите за подготовка на маркетинг активности
Следење на пазарот и конкуренцијата
Изготвување предлози за планирање, имплементација и подобрување на личните и организациските цели со цел обострана зголемена ефикасност
Услови за работа :
Редовна месечна плата
Редовен работен однос и солидни примања
Бонуси за месечни и годишни реализации
Плата од 40.000 ден до 60.000 ден
Пријатна работна атмосфера
Можност за напредок, раст и развој
Квалификации:
Самоиницијативност, комуникативност, презентациски и преговарачки вештини
Одговорност и организираност во извршување на работните задачи
Прецизност и ажурност во работата;
Флексибилна и динамична личност насочена кон остварување на цели
Способност за расудување
Способност за индивудуална и тимска работа
Возачка дозвола Б-категорија
Предност ќе се смета претходно искуство во областа
Бенефиции:
Автомобил,
телефон,
обука
Регрес за годишен одмор
Заинтересираните кандидати може да испратат CV на: Е-маил: aleksandar@cosmos.mk или да не контактираат на: Тел: 075/395-458
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!