Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД РЕФЕРЕНТ ВО ФИНАНСИИ
Локација: Скопје
Оддел: Финансии
Рок за пријавување: 30.09.2024
Позиција: 1
Цел на работното место:
Одговара за работење со финансиските и сметководствените информации на организацијата, со што овозможува носење на информирани одлуки.
Работни задачи:
Врши усогласување на картици со комитенти, изготвува записници и конфирмации;
Книжи изводи и контактира со комитенти;
Услови за работа:
Редовна месечна плата
Полно работно време- 40 часа
Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
Приватно здравствено осигурување
Континуирани обуки и стручно доусовршување
Потребни квалификации:
Високо обраозвание (Економска насока)
Најмалку 1 година искуство во финансии или сметководство
Комуникациски вештини
Познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MC Office- Excell, Word
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 30.09.2024
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!