Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, компанија од Скопје која се занимава со
Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент, компанија од Скопје која се занимава со дигитален маркетинг, има потреба од вработување на:
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
Опис на работни задачи и обврски:
- Креирање маркетинг стратегии и планови
- Креирање промотивни кампањи
- Организација на креативни состаноци и презентација на идеи
- Спроведување на кампањи
- Контрола при спроведување и координација со креативниот тим
- Бренд менаџмент
- Комуникација со клиенти
- Анализа на видливост како и мерење на резултати
- Одлично познавање на дигитални канали и кампањи спроведени на дигитални медиуми
- Спроведување на маркетинг истражување
- Претходно искуство во анализа на маркетинг податоци
- Напредно искуство во креирање извештаи
Квалификации (Степен и вид на образование):
- Минимум средно образование
- Задолжително претходно искуство во областа минимум 5 години
- Познавање англиски јазик и напредно познавање работа со компјутер
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Искуство во дигитален маркетинг
Услови за работа:
- Работа во една смена – од понеделник до петок (8:30 - 16:30)
- Приватно здравствено осигурување по 6 месеци
Сите заинтересирани кандидати за практиканти своите биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација.