Vrabotuvanje.com - Помошник член на тимот во магацин - Скопје - АТУ Македонија ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помошник член на тимот во магацин

Скопје

Application deadline:

  • АТУ Македонија ДООЕЛ

Отворен во 2010 година, ATU Duty Free работи со 3 бесцарински продавници на меѓународниот аеродром Скопје и Охрид. Нашите продавници нудат широк спектар на производи од различен избор на брендови. Нашиот избор на производи се движи од парфеми до козметика, алкохолни пијалоци до тутун, кондиторски производи до сувенири и додатоци.

ATU Duty Free има за цел да ги понуди најдобрите надвор од пазарот цени и кампањи за да ви обезбеди врвно искуство за купување. Внатре во продавниците ќе ве водат нашите добро информирани и искусни продажни претставници за повеќе и дополнителни информации.

Во согласност со брзиот раст на компанијата, бараме член на тимот во магацин за да учествува во работењето и активностите на нашиот магацин. Одговорностите на членот на тимот во магацин вклучуваат складирање материјали, превземнање на роба, пакување и скенирање на нарачки. Целта е да се зголеми ефикасноста, профитабилноста и задоволството на клиентите.

Помошник член на тимот во магацин 

Основни должности и одговорности

  • Подготовка и комплетирање на нарачки за испорака или превземање според распоред
  • Припрема и обработка на производите во магацинот (прием, растовар, означување, складирање)
  • Вршење на контроли на залихите и одржување на високите стандарди за квалитет
  • Одржување на чиста и безбедна работна средина и оптимизирано искористување на просторот
  • Пријавува какви било несогласувања
  • Комуникација и соработка со претпоставените и соработниците
  • Ракување и превентивно одржување на магацинските возила и опрема
  • Следење на стандардите за квалитетна услуга и почитување на процедурите, правилата и прописите

Лични карактеристики и потребни квалификации

  • Потребна е диплома од средно образование
  • Возраст помеѓу 20 и 30 години, можност за креирање профил кој успешно ќе одговара на поставените задачиЕнтузијаст со позитивен став кон работата
  • Важност да немате здравствени проблеми, поради тежината и интензитетот на работа
  • Поминување на потребните криминалистички проверки од надлежните институции
  • Подготвеност за работа во две смени
  • Способност ефикасно да одговори на потребите на работата, поврзани со дополнителни ангажмани или прекувремена работа.
  • Способност за работа под притисок за реализација на поставените задачи кога роковите за извршување се кратки.
  • Апликантите треба да бидат тимски играчи, подготвени за компромиси во однос на сите вработени во околината.
  • Пожелно е сите апликанти да имаат основни познавања од информатичките вештини.
  • Желба за учење и почитување на утврдените законски и компаниски прописи

Што можете да очекувате од нас

  • Картичка за оброк и услуга за транспорт,
  • Приватно здравствено осигурување за болнички престој
  • Конкурентна месечна бруто плата
  • Годишен бруто бонус
  • Тим билдинг
 
 
Очекуваме да ја добиеме вашата апликација!
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more