Vrabotuvanje.com - КА Менаџер - Скопје - JUS MB DOOEL
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

КА Менаџер

Скопје

Application deadline:

  • JUS MB DOOEL

Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг. 

 Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.


Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.

Моментално имаме потреба од

КА- МЕНАЏЕР

 

Работни задачи:

  • Во КА канал коoрдинира продажба, дистрибуција, м’рчндајзинг и наплата
  • Координира тим на Агенти за продажба во КА канал,
  • Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
  • Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
  • Блиска комуникација со менаџмент и тим,
  • Проверки во продавници и нивно евидентирање,
  • Контролира задолжена роба, средства за работа и прави попис кај секој Агент за продажба најмалку еднаш месечно,
  • Спроведува тренинг и On-Field тренинг со секој Агент за продажба од тимот со кој раководи
  • Изготвува извештаи за продажба, и анализа на пазар,
  • Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува неделни состаноци
  • други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Искуство во продажба 
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)

Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

www.jusmb.com   

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more