Vrabotuvanje.com - Менаџер на оддел во продавница / Department manager во Reserved City Mall и East Gate Mall - Скопје - ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Менаџер на оддел во продавница / Department manager во Reserved City Mall и East Gate Mall

Скопје

Application deadline:

  • ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

 

Бидете и вие дел од LPP, современа и реноминарана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
 
 
 
 

LPP е интернационлна компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”

Нашата мрежа од околу 2000 продавници во Европа, Азија и Среден Исток од неодамна е проширена и во Македонија и во моментот а заради отварање на нови продажни салони сме во потрага по кандидати за позиција:

Менаџер на оддел во продавница / Department Manager

Reserved/City Mall/East Gate Mall

ЛокацијаСкопје
 

Основни одговорности

  • Грижa за резултати и постигнување на цели во еден или повеќе оддели;
  • Управување со продавницата во отсуство на Менаџерот или Заменик менаџерот на продавница;
  • Анализа на комерцијални податоци
  • Анализа на извештаи за производи на одделот и извештаи за резултати на продавницата;
  • Координација на работата на Декоратерите во одделите;
  • Работа на управување со производи (соработка со координаторите за продажба, Регионалните декоратери (RVMs) и декоратерите (VMs));
  • Соработка со тимот во магацин во врска со надополнувањето и испораката;
  • Оперативно управување (планирање на работа, дневни повратни информации, WHR итн.);
  • Осигурува дека вработените во одделот обезбедуваат услуги за клиентите во согласност со корпоративните стандарди;
  • Редовно го информира Менаџерот на продавница за потребите од обука и унапредување на работата на вработените. Ги едуцира продажните асистенти и вработените во одделот;
  • Ги следи потребите за производи во неговиот оддел, го следи и проверува визуелното постaвување на производите во согласност со стандардите за Visual Merchandising;
  • Потврдува дека материјалите за Visual Merchandising се чуваат и користат уредно;
  • Aктивно работи со фискални каси, наплата во готово или со други платежни средства, врши замена на производите или ги враќа производите во согласност со процедурите, одговара за состојбата на касата (благајна) и трезорот заедно со Менаџерот на продавницата;
  • Им помага на Менаџерот на продавницата и Заменикот на менаџерот на продавницата во координирање на работата на вработените во продавницата, согласно добиените упатства;
  • За својата работа, тој е одговорен пред менаџерот на продавницата, а по потреба го известува и Регионалниот менаџер за продажба на брендот.та на објектот

Што очекуваме

  • Степен на образование – ССС/ВСС
  • Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
  • Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
  • Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
  • Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
  • Динамична работна средина
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

За аплицирање проследето го вашето CV на recruitmentmacedonia@lppsa.com најдоцна до 15.09.2024

Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

Дознајте повеќе за нас на www.lppsa.com


Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more