Vrabotuvanje.com - Правник во Правна служба - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Правник во Правна служба

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

 
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува оглас за вработување на
 
Правник во Правна служба (на замена на вработен на породилно отсуство) Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување на активности од правен аспект од значење за компанијата. Се грижи за усогласеност на компанијата со Законот за заштита на лични податоци и извршува работни задачи за изработка на документи и усогласување на интерните акти кои се однесуваат на ЗЛП. Учествува во изготвување на сите видови договори со цел да се заштитат интересите на компанијата. Составува и поднесува предлози, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотарите, извршителите и другите надлежни органи. Подготовка на материјали за седници на Одбор на директори и Собранието на акционери на компанијата. Следење на законските прописи поврзани со работењето на сите сектори во компанијата. Основната нето плата за работното место е од 36.000 до 45.000 денари. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. 
 

Квалификации на кандидатите:

  • Правен факултет, со 240 ЕКТС
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност
  • Работно искуство во деловно право најмалку 1 година
  • Познавања и работно искуство во доменот на заштита на лични податоци
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични познавања на Microsoft office апликациите

​Конкурентски предности: 

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност 
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 

1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија на англиски јазик (CV)
3.  Доказ за образование

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување. 
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или
убедување. 
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more