Vrabotuvanje.com - Воспитувач - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Воспитувач

Скопје

Application deadline:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село Скопје во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници и воспитувачи

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува 1 (едно) слободно место за работна позиција:

ВОСПИТУВАЧ

 

СОС Детско село Скопје во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка го проширува својот тим со цел да обезбеди поквалитетна грижа и поддршка на младите

Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.

Во потрага сме по комуникативни, емпатични личности, сензибилизирани за работа со ранливи категории, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија.

Клучни одговорности: 

  • Воспитувачот го организира секојдневниот живот и активностите со младинците, дава поддршка на младите во грижата за себе, одржување на хигиената во куќата, поддршка при формално и неформално учење, рекреација во слободно време итн
  • Гради емотивна и стабилна релација со секое младо лице во континуитет и создава можности за приврзување и добивање на чувство на припадност
  • Има улога на ментор, и ги поддржува развојот и добросостојбата на младинците и по напуштање на грижата и др.

 Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование или студии од општествени науки 
  • Релевантно работно искуство (професионално искуството во работа со адолесценти од најмалку 1 година ќе се смета за предност) 
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет) 
  • Активен возач (Б категорија)
  • Добри комуникациски, организациски вештини и тимска работа
  • Познавање на детските права

Услови за работа:

  • Работа на полно работно време (првичен договор на 1 година, со можност за продолжување на неопределено време)
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници и викенди, според однапред утврден распоред
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн)

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 20.09.2024 година, на следниот ЛИНК

Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван и каде што владее фер и правична работна средина.

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!

 

Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Care (children, elderly...) amounts to 16.702 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more