Vrabotuvanje.com - Мерчендајзер - Скопје - Скопје - JUS MB DOOEL
Share
Tweet
Share
Send to friend

Мерчендајзер - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • JUS MB DOOEL

Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг. 

 Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.


Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.

Моментално имаме потреба од

МЕРЧЕНДАЈЗЕР
Реон - Скопје

 

Главни задачи и одговорности:

  • Редовна посета на продажните места во определениот реон;
  • Поставување и одржување на промотивни материјали и дисплеи;
  • Обезбедување соодветно позиционирање на производите на полиците;
  • Следење и анализа на залихите, продажбата и состојбата на пазарот;
  • Комуникација со продажниот тим и клиенти за подобрување на продажните активности.

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование;
  • Претходно работно искуство во мерчендајзинг или слична област е предност;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Вештини за работа во динамично и брзо променливо опкружување;
  • Поседување на возачка дозвола - категорија Б.

Нудиме:

  • Договор за вработување со конкурентна плата;
  • Можност за професионален развој и обука
  • Пријатна и динамична работна средина.

Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

www.jusmb.com   

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more