СОРАБОТНИК за ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
(1 позиција)
Профил на кандидатот:
- Висока стручна подготовка, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент,сметководство и ревизија сл.),
- Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
- Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање деловен англиски јазик;
- Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите и/или сметководство, со предност како финансиски аналитичар;
- Поседување на сертификат за овластен сметководител ќе се смета за предност
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
- Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
- Висок личен интегритет и деловна култура
Работни задачи:
- Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на месечните извештаи за финансиските резултати на компаниите во Групацијата и пресметка на финансиски показатели
- Во соработка со менаџерот учествува во подготовка на годишната сметка и годишниот извештај надруштвото и на консолидирани финансиски извештаи
- Изработка и анализа на паричен тек
- Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи, анализа и нивно усогласување
- Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
- Контролира буџет поврзан со оперативни трошоци и со основни средства
- Ги следи и спроведува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет,
динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни
критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го
вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо на следната емаил адреса:
automak@automakedonija.com.mk најдоцна до 12.09.2024 година.