За вработување кај нашиот соработник чија дејност е во областа на градежништво и трговија со керамика, санитарии, мозаици и други специјални решенија за
уредување на простории, потребен е:
ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК со искуство во градежништво или
архитектура– реон Скопје
- Продажба , услужување и грижа за купувачите
- Грижа и одржување на инвентарот и продажната стока во објектот
- Административни активности поврзани со секојдневното функционирање на работното место
БАРАМЕ:
- Завршено ССС;
- Предност ќе имаат кандидати, кои имаат познавање од програми за цртање, како AutoCAD
- Искуство со продажба или развиени продажни вештини;
- Развиени комуникациски вештини;
- Висок степен на одговорност и иницијатива во работењето;
- Стабилна и лојална личност;
- Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења
НУДИМЕ:
- Работа во 2 смени: прва смена од 08:00 - 15.00 часот и втора смена од 12:00 – 19:00 часот, секоја втора сабота од 09:00 - 15:00 часот;
- Спроведена обука од страна на компанијата;
- Солидни и навремени месечни примања;
- Можност за стекнување на дополнителни бонуси;
- Вработување на неопределено време;
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Своите биографии испратeте ги на rabota@esi.mk и или аплицирајте директно на www.esi.mk .