Vrabotuvanje.com - Помлад продавач и помлад продавач - касиер - Регион Полог - Гостивар, Тетово - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад продавач и помлад продавач - касиер - Регион Полог

Гостивар, Тетово

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 9 (девет) работници на определено време од 3 (три) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место помлад продавач и помлад продавач – касиер на бензинска станица во Регион Полог во Дирекцијата за малопродажба, и тоа:

 

Бензинска станица во Гостивар

  • 3 (тројца) работници на работно место помлад продавач касиер.

Бензинска станица во Тетово

  • 2 (двајца) работници на работно место помлад продавач;
  • 4 (четворица) работници на работно место помлад продавач касиер.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 26.500 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација - со јасно нагласено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more