Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - Друштво за такси превоз, трговија и услуги КАММЕО ГРУПА ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Овластен сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Друштво за такси превоз, трговија и услуги КАММЕО ГРУПА ДООЕЛ Скопје

Чувствувајќи ја потребата од европски стандарди на квалитет во сегментот на такси услугите, а притоа дејствувајќи како лидер во 5 држави и повеќе од 40 градови, Cammeo вработува повеќе од 1.400 вработени и со сопствена флота доаѓа како првото „зелено“ такси на улиците на Скопје
Ако сакаш да работиш во динамична средина со европски шарм, НИЕ ИМАМЕ РАБОТА ЗА ТЕБЕ!

Пријави се од денес на е-маил hr@wizi.mk и биди и ти дел од успешниот тим на Cammeo!

 

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

  • Книжење на влезни и излезни фактури, изводи од банка, компензации, патни налози и плати,
  • Усогласување на картичките на клиентите и добавувачите, пресметка на ДДВ и изработка на конечна фактура,
  • Пресметка на плати, други приходи, подготовка и испраќање документација до даночна администрација УЈП,
  • Сметководствена контрола, координација на ИОС и навремена обработка на документацијата и координација со Даночната управа и други државни институции,
  • Пресметка на амортизација и евиденција на основните средства,
  • Изработка на интерни финансиски извештаи (месечни, квартални, годишни) за потребите на Управниот одбор и годишни финансиски извештаи, завршна сметка,
  • Управување со касата на компанијата (главна каса и каса на возачот),
  • Активно следење на прописите поврзани со Сметководство и даноци,
  • Изготвување на точни и навремени аналитички извештаи согласно потребите на компанијата,
  • Анализа на голема база на податоци, пратење на трендови и изведување на прецизни заклучоци,
  • Следење и евиденција на остварениот дневен промет на компанијата и целокупниот паричен тек (приливи/одливи),
  • Анализа, контрола и евиденција на сите достасани обврски и исплати од компанијата,
  • Следење на трансакциите на компанијата, спроведува меѓусекторска комуникација и работи на назначени проекти,
  • Следење на даночните обврски на компанијата и давање налог за подмирување на истите,
  • Други сметководствени работи.
     

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна спрема – ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија),
  • Познавање на сметководствени стандарди,
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансиите и анализа на податоци, со предност како финансиски аналитичар,
  • Напредно познавање на excel и/или access (обработка на податоци),
  • Познавање на деловен англиски и српско-хрватски јазик, 
  • Поседување на аналитички способности, самоиницијатива, тимски дух и деловна етика,
  • Лојалност и грижа за работната средина и за средствата ставени во функција на работните задачи,
  • Вештини за носење на одлуки под притисок и спроведување на повеќе работни задачи во куси рокови.
  • Искуство во сметководствена програма ЗОНЕЛ, ке се смета за предност но не е обавезна.
     

ШТО НУДИМЕ

  • Конкурентна плата на пазарот и грижа за вработените,
  • Атрактивен систем за наградување согласно успешноста на вработените,
  • Пријатна работна атмосфера.

Доколку ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја Вашaта професионална биографија преку полето Брза Апликација
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more