Oглас за работна позиција: Референт во служба Комерција
Опис на работно место: Референт во служба Комерција
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ССС
- Работно искуство: со и без работно искуство,
- Возачка дозвола: Б категорија
- Познавање на МS Officе (Word, Excel, Power Point,),
- Комуникациски вештини
- Мотивираност за теренски активности
- Проактивност во дадените задачи
Опис на работни задачи:
- Разгледува и обработува барања за набавки издадени од нарацателите и нивна навремена и квалитетна реализација
- Ги следи континуирано добавувачите и купувачите во однос на производи, цени потреби и барања.
- Составува предлози за најповолни добавувачи согласно ИМС и ги доставува до надлежните
- Врши логистички операции како достава на документација, носење и земање на возила од сервиси и авто куќи
- Подготвува периодични извештаи за извршените активности
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку Брзата Апликација.
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 29.09.2024 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.