Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - AWT International
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • AWT International


 

АВТ Интернатионал како водечка дистрибутивна компанија на роба за широка потрошувачка, има потреба од следната работна позиција
 
СМЕТКОВОДИТЕЛ
(1 извршител)
 
 
Потребни квалификации:
  • CCC / ВСС - завршено високо образование од областа на економијата ќе се смета како предност
  • Претходно работно искуство од најмалку 2 години во областа на сметководството
  • Познавање на сметководствените правила и политики, вклучително МСФИ и МСС
  • Познавање на законскта регулатива особено во областа на даноците
  • Познавање на работа со компјутер
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на законските прописи и сметководствени страндарди
  • Пожелно поседување на возачка дозвола Б- категорија
 
Способности и вештини:
  • Одговорна, темелна, аналитична, посветена, одговорна и коминукативна личност
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност и подготвеност за флексибилност во динамични услови на работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
  • Развиени организациски способности
  • Потенцијал за континуиран професионален развој
 
Работни одговорности:
  • Книжење на изводи,  подготовка на компензации и цесии
  • Книжење на влезна документација
  • Усогласувања на картици со коминтенти
  • Проверка и книжење на патни налози
  • Подготовка на исплати преку Е-ПДД 
  • Изработка на извештаи за разни институции (статистика, НБРМ, УЈП)
  • Следење и имплементација на законски промени
  • Останати сметководствени обврски
 
Ние нудиме:
  • Можност да бидете дел од компанија со одлична работна средина – атрактивна и динамична работа
  • Стабилна можност за професионален развој
  • Атрактивен месечен надомест
  • Работно време  од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
  • Редовни месечни примања , регрес за годишен одмор  и новогодишна награда.
  • Приватно здравствено осигурување
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на АВТ , постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот испратета ни Работна Биографија (CV) и мотивациското писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака во subjectѕ” Сметководител” 

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АВТ Интернатионал или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени

 

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more