ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!
Доколку сте професионална, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во пријатна атмосфера со можност за напредок во кариерата, продолжете да читате.
Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија, објавува оглас за работно место:
Стручен соработник за финансии
Локација: Црвен крст на Република Северна Македонија
Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
- Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
- Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција. Пожелно е искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти финансирани од странски донатори
- Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom. Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon
- Јазици: Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
Способности и вештини:
- Комуникативна и позитивна личност
- Високо развиени рганизациски и аналитички способности
- Способност за работа под притисок и куси временски рокови
- Критичко размислување
- Тимска работа
- Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
- Иновативност и креативност
- Желба за учење
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Работни должности:
- Водење на финансиското книговодство и сите работи од областа на материјалното и финансиското работење
- Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
- Помагање при извршување на задачи од областа на материјално-финансиското работење
- Подигање на готови пари за намирување на: платни налози, готовински сметки, ситни набавки на потрошени материјали и горива за службените возила
- Комплетирање на финансиските документи и ликвидатура на истите
- Подготовка на излезни фактури
- Водење евиденција на влезни и излезни фактури
- Усогласување на евиденцијата во магацините и материјалното книговодство
- Водење на касов извештај и регистрирање на сите финансиски промени
- Подготпвка на патни сметки за службени патувања
- Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки
- Изготвување платни списоци и вршење пресметка на плати на вработените во Стручната служба
Дополнителни информации: