Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.
МЕЛМАКС БМ има потреба од
МАГАЦИОНЕРСКИ РАБОТНИЦИ
Потребни квалификации
- Минимум средно образование,
- Основно познавање на работа со компјутер,
- Пожелно работно искуство со управување на машини за утовар – истовар.
Одговорности
- Водење евиденција при прием на материјали (контрола на квалитет и квантитет на испораката),
- Подготвување на материјали по претходно добиени налози која се товари за дистрибуција,
- Редење и складирање на материјалите на палети во магацинот со виљушкар,
- Активности поврзани со попис на материјалите,
- Одржување на хигиена во магацинот.
Вештини
- Лојалност и чесност
- Организираност и одговорност
- Исполнителност и професионалност
- Самоиницијативност и уредност
- Способност за работа во тим
Компанијата нуди обука на одбраните кандидати, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за напредување.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) на нашата e-mail адреса со предмет (subject) Магационерски работник.