Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.
МЕЛМАКС БМ има потреба од
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации
- Завршено високо образование од областа на економски науки,
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот,
- Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација),
- Задолжително претходно работно искуство со изготвување годишна завршна сметка за средни субјекти и даночни пријави,
- Задолжително поседување лиценца за овластен сметководител,
Работни обврски
- Познавање на материјално и финансово работење,
- Прием, контрола и книжење на калкулации по влезни фактури од добавувачи,
- Изготвување излезни фактури кон коминтенти,
- Книжење изводи, трошоци, книжни одобренија и задолженија,
- Усогласување на отворени ставки со добавувачи и купувачи од земјата и странство (ИОС обрасци),
- Комуникација со добавувачи и клиенти,
- Учество во изготвување договори со коминтенти,
- Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли,
- Изработка, поднесување и потпишување на завршни годишни сметки во согласност со законските прописи,
- Контрола за навремено и точно водење на благајна,
- Пресметка / изработка на пријави за ДДВ и подготовка на Е-ПДД во УЈП,
- Пресметка на плати,
- Пресметка на амортизација на основните средства,
- Подготовка на сметководствени и финансиски извештаи.
Способности
- Лојалност и чесност,
- Организираност и одговорност,
- Исполнителност и професионалност,
- Прецизност и темелност,
- Самоиницијативност и уредност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
Компанијата нуди обука на одбраните кандидати, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за напредување.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) на нашата e-mail адреса со предмет (subject) Овластен сметководител.