Vrabotuvanje.com - Сервисер на медицинска опрема - Скопје - ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сервисер на медицинска опрема

Скопје

Application deadline:

  • ВИНОРА ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Address: 50 Дивизија бр.27, 1000 Скопје

Винора Дооел е фирма со 25 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.

ОГЛАС

Реномирана фирма ВИНОРА ДООЕЛ Скопје, со долгогодишно искуство во продажба и сервис на медицинска опрема од познати германски производители има потреба од 1 (едно) лице за позиција:

СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА опрема

Потребни квалификации:

  • Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет или машински.
  • Искуство од 1 година во област на одржување мед.опрема се смета како предност.
  • Одлично познавање на македонски и англиски; општо познавање на техничка терминологија.
  • Одлично познавање на работа со компјутери - Office , Outlook, и интегрирани софтверски апликации.
  • Изразена способност за комуникација колеги/клиенти и решавање проблеми.
  • Јака изразеност на организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, самоиницијативност и ориентираност кон детали. Чуство за самостојна и тимска работа и одговорност.
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач).

Главни одговорности:

  • Сервис на медицинска опрема од различни производители (со тренинг период).
  • Работа на терен и одржување активна комуникација и следење на барањата на клиентите.
  • Одговорност за редовно известување на претпоставениот за работните задачи и навремено завршување на истите.
  • Справување со тековни и непредвидени задачи со ефикасност, професионалности и точност.
  • Водење на точна евиденција и документација на сервисни активности.

Нудиме:

  • Личен и професионален развој, со постојана подршка од тимот во адаптивниот период.
  • Работно време од понеделник до петок 07:30h - 15:30h, однос со 40 часа неделно.
  • Пријатна работна атмосфера, мотивирачко опкружување со професионалци.
  • Можност за учење и стекнување нови вештини и напредување во кариерата.
  • Редовна Плата (износ според образовните квалификации и работното искуство).

Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  преку полето Брза Апликација со наслов: “за работна позиција Сервисер на медицинска опрема”.

CV-ијата кои кандидатите ќе испратат, и при тоа не ги исполнуваат бараните карактеристики, нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија. Контактирањето на избраните кандидати ќе започне по завршувањето на огласот.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more