АУТО 1 РЕНТ (рент а кар)
ПРОДАЖЕН ПРЕТСТАВНИК за РЕНТ А КАР (2 позиции)
Профил на кандидатот:
- Завршено средно образование или некои од факултетите од доменот на природни или општествени науки
- Не е потребно претходно искуство
- Добро познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
- Висок личен интегритет и деловна култура
Работни задачи:
- Комуникација со клиенти, издавање и прием на возила, обезбедување на врвно ниво на услуга и искуство на купувачите best car- buying experience;
- Примање на резервации од клиенти, презентирање на понудите, предложување на најсоодветно решение и наплата на услуга на клиенти;
- Изготвување на договори за изнајмување на возилата и одговорност за нивна целосност и точност;
- Пост продажна услуга на клиентите, анализа и креирање предлози за проширување и опфат на нови потенцијални клиенти со услугата Рент а кар
Работното место е во близина на локација Аеродром Александар Велики Петровец, Скопје, Македонија
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 19.09.2024 година.