Vrabotuvanje.com - Продажен претставник за малопродажба - Кочани - Кочани - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Продажен претставник за малопродажба - Кочани

Кочани

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. 

Продажен претставник за малопродажба - Кочани

Твоите комуникациски вештини се твојата силна страна и знаеш да го пронајдеш она кое што му е потребно на секој наш постоечки и потенцијален корисник? Пријави се и биди дел од динамичниот тим на Македонски Телеком во нашите продажни салони.

Работни задачи:

  • Учество во продажните активности за нашите постоечки и потенцијални корисници 
  • Зголемување на нивото на up-sales/cross-sales при интеракција со секој корисник, преку проактивно нудење на производите и услугите на МКТ, дополнителни услуги и дополнителна опрема на сите корисници кои ќе го посетат продажното место
  • Информирање и презентација на корисниците за производите и услугите на компанијата (нови кампањи, нови пакети и производи, тарифни модели, опрема, дополнителна опрема и друго)
  • Проактивно нудење на опрема (телефони, лаптопи, телевизори), како и дополнителна опрема (тротинети, футроли, звучници итн) на сите корисници кои го посетуваат продажното место
  • Склучување на договори со корисниците, активирање на сервиси, промена на тарифни модели, активирање на дополнителни услуги, наплата на фактури и останати услуги за корисниците

Потребни квалификации:

  • Релевантно работно искуство ќе се смета за предност                       
  • Познавање на Microsoft Office
  • Ориентираност кон корисници
  • Високо ниво на професионалност, љубезност и услужливост
  • Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини

Што очекуваме:

  • Желба за работа со корисници
  • Tимски играч
  • Максимално високо ниво на професионалност, љубезност и услужливост
  • Проактивност
  • Ориентираност кон резултати
  • Подготвеност за учење

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работа во смени (понеделник до сабота, по потреба дежурства во недела)

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Продажен претставник за малопродажба - Кочани

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 11.09.2024 до 18.09.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more